SeeNet

  • Full Screen
  • Wide Screen
  • Narrow Screen
  • Increase font size
  • Default font size
  • Decrease font size

Транслокална мрежа за соработка помеѓу Италија и Југоисточна Европа

SeeNet е мрежа на локални установи од Италија и Југоисточна Европа кои ги здружуваат сопствените искуства во тригодишната Програма на децентрализирана соработка која има за цел да ги зајакне управувачките способности на териториите и да промовира одржлив локален развој.

Програмата во центарот на своите активности го става јакнењето на долгорочните партнерства од двете страни на Јадранското море и поддршка во процесот на интегрирање во Европската Унија на земјите од Југоисточна Европа. Истотака се стреми и кон создавање на интегриран систем на италијанска децентрализирана соработка и поттикнување на развој на иновативни локални политики.

You need to upgrade your Flash Player

Програмата SeeNet е коофинансирана од Генералната Дирекција за Соработка и Развој при Министерството за надворешни работи на Р.Италија (DGCS-MAE) и промовирана од регион Тоскана во партнерство со регионите Eмилија-Ромања, Фриули Венеција Џулија, Maрке, Пиемонте, Венето и Автономна Провинција Тренто.

Партнери на Програмата се локални установи и технички субјекти од Италија и 46 локални установи од териториите од Југоисточна Европа:

Албанија Босна и Херцеговина   Хрватска Косово Македонија Црна Гора Србија

Програмата предвидува реализација на заеднички акции на сите територии, Хоризонтални Акции, и територијални и тематски акции, Вертикални Акции.