SeeNet

  • Full Screen
  • Wide Screen
  • Narrow Screen
  • Increase font size
  • Default font size
  • Decrease font size

verticale_paesiSeeNet е мрежа на локални установи од Италија и Југоисточна Европа кои ги здружуваат сопствените искуства во тригодишната Програма на децентрализирана соработка која има за цел јакнење на способностите на управување со териториите и промовирање на одржлив локален развој.

Програмата го става во центарот на своите активности утврдувањето на долгорочните партнерства на двете страни од Јадранското море и подршка во процесот на интегрирање во Европската Унија на земјите од Југоисточна Европа како и создавање на интегриран систем на децентарилизирана соработка во Италија и фаворизирање на развој на локални политики.

Преку 9 –те активности кои водат кон вреднување на културното наследство и јакнење на капацитетите на туристичката понуда и промоција, до утврдување на ланец на производство на систем на мали и средни претпријатија, од промоворање на земјоделско-прехрамбени ресурси до подршка во процесот на децентрализирана социјална политика и до подршка во одржливото просторно планирање, SeeNet го фаворизира развојот на локалните иновативни политики почитувајќи ги потребите на териториите.

За да се подржи процесот на европска интеграција, SeeNet ги вклучува сите партнери на мрежата во серија заеднички активности поради полесен пристап до предпристапните фондови и националните развојни фондови.

SeeNet вмрежува повеќе од 60 партнери. Со нив координира Регион Тоскана, го финансира  Министерството за надворешни работи на Италија a го коофинансираат сите партнерски италијански Региони. Програмата SeeNet  ги вклучува во Италија: Регион Емилија-Ромања, Фриули Венеција Џулија, Марке, Пјемонте,Венето и Автономна Провинција Тренто а во Југоисточна Европа учествуваат 46 локални установи од: Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија, како и многубројни технички партнери од двете страни на Јадранското море и органите кои управуваат со Програмата.

Стратегијата на Програмата SeeNet се базира на идејата за партнерство и заедничките цели на активностите што ги промовира, па поради тоа претставува можност за развој на институциите од двете страни на Јадранот.

За да дојде до меѓусебно јакнење на надлежностите кои се однесуваат на управување со териториите и ускладување на примерите на добри практики со потребите на територијата, партнерите се повикани да се соочат со слични проблематики по пат на рамноправен дијалог помеѓу различни институции од Италија и Југоисточна Европа. Впрочем, италијанските локални установи партнери на мрежата треба да ги капитализираат своите најдобри практики и способности, и со меѓусебна синергија, да ги поделат со партнерите од Јогоисточна Европа. На овој начин ќе бидат вреднувани интегрираните интервенции, одржливи низ времето и во состојба да реализираат системско влијание што ги умножува ефектите на поединечните проектни иницијативи.

 

Слични теми: Управни органи на Програмата Децентрализирана соработка